Касемиро на 222 меча во шпанската лига две исклучувања, во Англија два црвени на последните три меча! (Видео)

Бразилецот Касемиро нема да може да игра на наредните четири лигашки натпревари на Манчестер јунајтед, затоа што попладнево доби црвен картон против Саутхемптон, и тоа е му е второ исклучување сезонава.

Касемиро на 4 февруари доби црвен картон, негов прв директен во кариерата, а веќе ги има два. Пред него, последен играч на Јунајтед кој добил два црвени во иста сезона бил Немања Видиќ во 2013/2014.

Касемиро играл само 19 меча во англиското првенство и веќе има два црвени картони, а претходно во шпанската лига за Реал Мадрид имаше 222 настапи и истотака две исклучувања, двете на мечеви на кои доби по два жолти картони.

А, бројките кажуваат оти дека шпанските судии не се потолерантни. Сезонава во Ла Лига се покажани дури 103 црвени картони, наспроти само 22 во англиската Премиер.

Ова е прекршокот за кој судијата Ентони Тејлор на Касемиро му покажа жолт картон, а по прегледување на снимка ја смени одлуката и картонот, па го испрати Бразилецот во соблекувална:

https://twitter.com/i/status/1634925997119221763

- Оглас -

Најнови вести