Касемиро објасни како Реал успеа да загуби од Шериф на „Сантијаго Бернабеу“

Шериф Тираспољ го победи Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во меч кој е најголемото изненадување во досегашниот дел од Лигата на шампионите. Шампинот на Молдавија победи со 2:1 во Мадрид и сега со шест бода е изненадувачки лидер во групата во која се уште и Интер и Шахтар.

Гостите водеа на полувремето со 1:0, Реал израмни од пенал во 65-тата минута со голот на Карим Бензема и многумина очекуваа фаворитот да направи пресврт. Сепак, во 90-тата минута, Шериф со погодокот на Тил стигна до победа од 2:1.

Реал Мадрид имаше 70 отсто посед на топката, дури 31 шут кон голот на гостите и неколку големи шанси, но погодија само од пенал. Еден од најискусните во составот на Реал, Бразилецот Касемиро, објасни зошто Реал успеа да загуби.

„Тоа е фудбал. Тие имаа само два удари кон нашиот гол и двапати погодија. Ние шутнавме 20 и кусур пати, но џабе. На вакви мечеви мора да се биде претпазлив, инаку може да се случи да загубите како што ни се случи нам. Добро игравме, создававме шанси, но нивниот голман беше фантастичен. Мораме да им честитаме за победата“, рече Каземиро веднаш по мечот.

Шериф има максимални шест бода, Реал Мадрид е втор со три бода, а Интер и Шахтар освоија по еден бод во првите две кола од оваа група.

 

- Оглас -

Најнови вести