Каземиро сака да игра во клуб што може да ја освои Лигата на шампионите: Веќе е познато каде ќе ја продолжи кариерата

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Каземиро, налето ќе прави трансфер, и тоа на големо изненадување на сите, во Баерн Минхен. Според германските медиуми Каземиро сака да си замине од „Олд Трафорд“ и да се пресели во екипа со која би го освоил трофејот во Лигата на шампионите, а изборот паднал токму на баварскиот гигант.

Тој летото 2022 премина од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед за околу 80 милиони евра, но сега повторно ќе ја менува клупската средина. Сепак, дека ова не е само негова желба, говори и фактот дека Томас Тухел бара дефанзивен играч од средниот ред кој би му помогнал на Кимих, а токму Каземиро е таков тип на играч.

- Оглас -

Најнови вести