Касилјас насмеан од болнички кревет, вели: Добро сум

Еден од најдобрите голмани во светот во изминативе две децении, Икер Касилјас, денеска преживеа инфаркт. На Касилјас му се слошило за време на тренингот на Порто, па веднаш бил пренесен во болница. Само неколку часа подоцна, самиот Касилјас порача дека е во ред.

„Се е под контрола. Добро се уплашив, но како и секогаш останувам јак. Ви благодарам на сите за пораките и љубовта“, напиша Касилјас под фотографијата.

- Оглас -

Најнови вести