Касилјас чекаше повик од „фуријата“, Енрике не му ја исполни желбата

Голманот на Порто, Икер Касилјас, имаше желба да се врати во националниот состав на Шпанија по две години отсуство. Искусниот чувар на мрежата наводно стапил во контакт со селекторот Луис Енрике, и му се ставил на располагање за претстојната репрезентативна пауза, во којa Шпанија игра еден меч против Англија во Лигата на Нации на 15-ти октомври, додека четири дена порано „црвената фурија“ ќе игра пријателски меч против Хрватска. Сепак, Енрике се придржува до својата одлука и не му пружи шанса на големиот Икер повторно да го облече нациналниот дрес.

Како што најавуваа шпанските медиуми, Енрике посочил дека Касилјас има шанса да биде повикан во селекцијата исто како и останатите 73 играчи кои ја чекаат последната одлука на селекторот. Триесет и седумгодишниот чувар на мрежата последен пат националниот дрес го носеше на Европското првенство во Франција, 2016 година, додека го држи рекордот за најмногу настапи за Шпанија со 167 натрпевари.

Составот на Шпанија за дуелите со Хрватска и Англија:

Голмани: Де Хеа, Аризабалага, Лопес.

Дефанзивци: Гаја, Алонсо, Албиол, Начо, Рамос, Бартра, Азпиликуета, Ото.

Играчи за врска: Бускетс, Коке, Саул, Тијаго, Себалјос.

Напаѓачи: Асенсио, Мората, Сусо, Родриго, Аспас, Алкасер.

- Оглас -

Најнови вести