Каспаров: Ако сакате игра во која црниот е прв на потег, не играјте шах

Борбата со расизмот забега од некои нормални граници, па сега за одредени луѓе проблемот е и во шахот, игра во која се игра со бели и црни фигури. Џон Адамс кој е претставник на шаховската федерација на Австралија, во телевизиско интервју добил прашање зошто белите фигури секогаш имаат право на прв потег, и дали зад ова се крие расизам.

Оваа информација ја налути легендата на шахот, Гари Каспаров. Еден од најдобрите во историјата даде свое мислење со кое долеа масло на оганот.

„Ако шахот ви изгледа расистички, играјте си „го“. Во таа игра црните секогаш се местат први. Немојте да ги трошите парите на даночните обврзници и да изгледате глупаво“ – рече Русинот роден во Азербејџан.

Минатата година светскиот шампион Магнус Карлсен и Аниш Гири го нарушија древното правило во демонстративен меч како дел од Светскиот ден на ОН за борба со расната дискриминација, па првиот потег го имаше шахистот со црни фигури.

- Оглас -

Најнови вести