Катаи е експерт за голови во Сурдулица, Ѕвезда се мачеше, но го победи „фенерџијата“ Радник

Црвена ѕвезда го победи Радник во Сурдулица со 2-0 и сега има комотни седум бодови предност во однос на вториот Партизан, кој има и еден меч помалку во српската Суперлига.

Радник е убедливо последен на табелата, но му даде силен отпор на фаворитот и по првото полувреме беше 0-0. На стартот на вториот дел, во игра влезе Александар Катаи, кој се покажа како човек на одлука и со два гола ги скрши домаќините.

Интересно е дека и во минатата сезона при гостувањето кај Радник, Ѕвезда даде два гола, а и тогаш двата беа дело на Катаи.

- Оглас -

Најнови вести