Каталонците грмат: Реал Мадрид е ВАР шампион!

Реал Мадрид вчера ја освои титулата во шпанското првенство, што е 34-ти шампионски пехар во клупската историја. Кралскиот клуб успеа од тронот да го симне најголемиот ривал Барселона, а од каталонскиот весник „Спорт“ не можеше, а да не испрати провокација за ривалите од главниот град.

„Реал Мадрид е ВАР шампион“, пишува на насловната страна на весникот „Спорт“. Во статијата стои дека Реал Мадрид имал помош од судиите и од видео технологијата. За разлика од каталонскиот весник, фудбалерите на Барселона вината за загубената титула не сакаа да ја бараат кај судиите, туку поради сопствени грешки.

 

- Оглас -

Најнови вести