Каталонците ќе ја искористат кризата во Сити

Откако Манчестер сити ја доби казната од УЕФА со забрана за настап на европските натпреварувања во следните две сезони, така почнаа шпекулациите околу распад на актуелниот англиски првак. Голем дел од ѕвездите може да го напуштат „Етихад“ доколку Судот за спортска арбитража ја одбие жалбата на Граѓаните, а егзодусот може да започне од Бернардо Силва.

Португалскиот офанзивец се најде на списокот потенцијални летни засилувања на Барселона, а според шпекулациите ќе се издвојат околу 80 милиони евра за неговите услуги. Силва е еден од најважните играчи во составот на Пеп Гвардиола, па иако има важечки договор до 2025 година, може да побара да си замине со цел да игра во Лигата на шампионите.

Минатата сезона Бернардо беше играчот со најголема минутажа и одиграни натпревари за Сити, додека оваа сезона на 35 меча во сите натпреварувања брои седум гола и осум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести