Катар е најдобар тим во Азија, ќе биде закана за фаворитите на СП 2022 (Видео)

Репрезентацијата на Катар за првпат стана шампион на Азија, и тоа титулата ја освои во Абу Даби, во земјата на нивниот сосед, ривал, и политички противник ОАЕ. Во финалето, Катар ја победи Јапонија со 3:1.

Тимот на селекторот Феликс Санчес Бас, ги доби сите мечеви на Азискиот куп, и заслужено се искачи на тронот. Катар е наредниот домаќин на СП во 2022 година, и организаторите на Мундијалот со ова најавуваат дека ќе имаат сериозен тим.

Јапонија досега никогаш немаше загубено финале за Азиски куп, но и тоа се случи.

Катар првпат прими гол на ова првенство (608 минути издржаа без примен гол), но во своето прво финале, дојде до трофејот.

Алмоез Али кој има 22 години, постигна атрактивен гол со ножички и првенството го заврши со девет гола, што е рекорд во историјата на Азискиот куп, надминувајќи го легендарниот Иранец Али Даеи кој имаше осум.

Абделазис Хатим зголеми на 2-0, а Јапонците преку Такуми Минамино, намалија во 70 минута, додека Акрам Афиф во 83 минута од пенал стави точка.

Ова е четврто азиско првенство по ред на кое титулата ја освојува тимот кој ја елиминирал Јужна Кореја. Катар на ранг листата на ФИФА е 93-ти, и има 12 азиски селекции кои се пред него.

Погледнете го најубавиот гол во финалето, подогок со кој Катарците поведоа со 1:0:

https://www.youtube.com/watch?v=_AkFhNyGsa0

- Оглас -

Најнови вести