Катар како 13-ти се простуваат од ракометниот Мундијал

Катар убедливо ја совлада Русија со 34:28 за освојување на 13-тото место на Светското ракометно првенство. Иако фаворити на хартија, рускиот тим и во двете полувремиња беше надигран, па овој шампионат го завршуваат како 14-та најдобра репрезентација.

Катарците со 17:14 ги освоија двете делници од по 30 минути, за триумфот најмногу придонесе Карол Марзо со осум гола, Бенали додаде седум, додека најефикасен во составот на Русија беше Дмитри Ковалев со девет погодоци.

Саудиска Арабија минимално ја победи Кореја со 27:26 во борбата за 21-то место на светскиот ракометен собир.

- Оглас -

Најнови вести