Катар тргна на сѐ или ништо и загуби од Ангола со гол во последната секунда (Видео)

Ангола приреди вистинско чудо и со два гола во последните 25 секунди го победи фаворизираниот состав на Катар во премиерниот меч од Д групата на Светското првенство во ракомет.

Катар влезе во финишот со еден гол предност, но најефикасниот ракометар на Ангола, Хебо, со седмиот гол израмни на 23:23 и потоа се случи магија во режија на африканската селекција.

Катарците тргнаа во брз напад во последните 20 секунди, голманот на Ангола одбрани и веднаш ја фрли топката во контранапад, а Чикола е јунакот за прв триумф на Анголците. Тој го постигна првиот гол на Мундијалот и тоа во вистинско време, во последната секунда на мечот, за победа од 24:23.

Погледнете го лудиот финиш на дуелот меѓу Ангола и Катар.

https://twitter.com/RasmusBoysen92/status/1083760570841616384

 

- Оглас -

Најнови вести