Катарците и ПСЖ се договорија, Верати е нов фудбалер на Ал-Араби

Ал-Араби од Катар и ПСЖ ги договорија сите детали за трансферот на Марко Верати. Светците за продажбата ќе добијат 45 милиони евра, а фудбалерот уште од поодамна ги имаше договорено личните услови.

За Италијанецот ова ќе биде само трет клуб во неговата кариера, со оглед на тоа дека во 2012 година се пресели од Пескара во ПСЖ за 12 милиони евра.

Со клубот од Париз освои по девет шампиони титули и супер купови на Франција, како и по шест трофеи од Купот и Лига купот на Франција.

- Оглас -

Најнови вести