Катарците имаат технологија која е помодерна од ВАР (Видео)

Светското првенство во фудбал во 2022 година кое ќе го организира Катар, ќе ги надмине сите досегашни големи натпреварувања по користењето на технологија. Оваа азиска земја потроши милијарди долари за изградба на инфраструктура, а веќе може да се увериме дека Катарците имаат и иновативни детали кои ги користат во нивното првенство.

Благодарение на специјален софтвер, телевизијата „Ал Кас“ точно утврди дека судијата погреши кога на тренерот на Ал Сад, Шпанецот Чави, му покажа само жолт, наместо црвен картон. Легендата на Барселона ја шутна топката, иако таа го немаше напуштено теренот, па според правилата, Чави требаше да биде исклучен.

Судијата не беше сигурен дали Чави направил престап, па му покажа жолт картон. На симулацијата на телевизијата, се гледа дека топката била внатре во полето кога Чави ја шутна.

- Оглас -

Најнови вести