Катарците првпат признаа: За потребите на Мундијалот загинаа 400-500 луѓе!

Шефот на Светското првенство во Катар, Хасан Ал-Тхавади, за првпат призна дека голем број работници загинале за време на градењето на целата инфраструктура којашто беше потребна за организирање на Мундијалот.

Ал-Тхавади беше гостин во емисијата кај Пирс Морган и конечно даде одговор на долгопоставуваното прашање.

„Проценка е дека меѓу 400 и 500 луѓе загинаа. Немаме точна бројка, но и една смрт е многу, а не пак толку луѓе, но тоа е. Мислам дека здравствените и сигурносните системи на градилиштата се подобруваат, барем кога се работи за нашите градилишта за Светското првенство“, рече Ал-Тхавади.

- Оглас -

Најнови вести