Катастрофа за Јуве, се повреди и Мекени

Нов тежок удар за Јувентус и Макс Алегри предизвика повредата на Вестон Мекени. Американскиот играч за врска има проблеми со рамото и отпадна од конкуренција за настап на стартот од сезоната во Серија А, кој е закажан за две недели.

Повредата на Мекени доаѓа во најлош можен момент. Во наредните две недели Американецот не смее да помисли на фудбалски активности, по што ќе му се извршат нови прегледи. Ако е потребно, Мекени може да паузира и до три месеци.

Пол Погба во меѓувреме сè уште нема одлучено дали ќе мирува два месеци или ќе оди под нож, па да ризикува неиграње на Мундијалот во Катар и воопшто во остатокот од 2022 година. Алегри сега е на тешки маки и мора да го крпи тимот за дуелот против Сасуоло во премиерното коло од Серија А, на 15 август.

- Оглас -

Најнови вести