Каубоите, Јенките, па Реал и Барса

НФЛ-клубот Далас каубојс е највредниот спортски клуб на светот според проценкатаа на економскиот магазин „Форбс“, кој редовно објавува листи од ваков карактер. Тимот кој се натпреварува во НФЛ-лигата во американски фудбал не е најдобар во лигата, но и натаму е највреден и бренд број 1.

Вредноста на Далас каубојс е проценета на 5 милијарди долари. Второто место го држи бејзбол-тимот Њујорк јенкис со 4,6 милијарди долари, што е скок за три места во однос на лани. Потоа следуваат двата шпански фудбалски гиганти Реал Мадрид со 4,24 и Барселона со вредност од 4,02 милијарди долари. Најдобрата петорка ја заокружува кошаркарскиот НБА-клуб Њујорк никс, чии акции вредат 4 милијарди долари.

Во топ 10 највреди спортски клубови влегуваат уште Манчестер јунатед (фудбал), Њу Ингланд пејтриотс (американски фудбал), Лос Анџелес лејкерс (кошарка), Голден стејт вориорс (кошарка), Њујорк џајантс и Лос Анџелес доџерс (бејзбол) кои го делат десеттото место со вредност од 3,3 милијарди долари.

- Оглас -

Најнови вести