Каваи на терен му објасни на Леброн зошто го одбра Клиперс (Видео)

Пред почетокот на градското дерби во НБА лигата помеѓу Лос Анџелес лејкерс и Лос Анџелес клиперс, главниот играч на „езерџиите“, Леброн Џејмс, изјави дека се чуди како Каваи Ленард кој беше МВП на последното финале, заврши во Клиперс.

„Како по ѓаволите можам да одговорам на тоа прашање? Навистина е…. не знам. Не знам, не знам. Треба да го прашате Каваи“ – рече Џејмс, кој потоа дообјасни дека мислел оти и Лејкерс има шанса да го земе Ленард, но ја почитува одлуката која е добра и за НБА лигата.

Веројатно одговорот лежи во тоа што неверојатниот Ленард сака повторно да ги победува тимовите кои важат за фаворит на хартија, и триумфот над Лејкерс најавува дека и Клиперс ќе биде во редот на сериозни кандидати за шампионскиот прстен. Каваи уфрли 30 поени против Лејкерс.

Еве ја изјавата на Џејмс во врска со трансферот на Ленард:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести