Казанова им ги скрши срцата на Кралевите, но Алкојано има уште поголем јунак

Хуанан Казанова, стрелецот на победничкиот гол за Алкојано, им ги скрши срцата на Кралевите од Мадрид со сензационална елиминација во шпанскиот куп, но третолигашот имаше уште еден поголем јунак во неверојатниот триумф од 2:1 остварен со играч помалку на теренот.

Тоа е 41-годишниот голман Хосе Хуан Фигуерас, кој ја одигра фудбалската партија на животот и имаше 10 одбрани, најмногу од сите голмани кои сезонава бранеле против Реал Мадрид.

Тука се вклучени натпреварите од Ла Лига, од Лигата на шампионите, шпанскиот Суперкуп и, секако, Копа дел Реј, каде што Реал Мадрид веќе не е кандидат за пехарот, по елиминацијата од Алкојано.

Интересно е што Фигуерас чекаше трета среќа да брани против Реал Мадрид и тоа го стори на феноменален начин, откако во 2012 година двапати беше резерва на Гранада на дуелите во Ла Лига против Кралскиот клуб и не доби шанса да настапи против нив.

 

- Оглас -

Најнови вести