Каземиро: Ако дуелот против Гладбах е финале, тогаш сите знаеме што прави Реал во таква ситуација

Реал Мадрид утре игра клучен натпревар против Менхенгладбах за заверка на пласманот во нокаут фазата во ЛШ, во којшто најдобро за тимот на Зидан ќе биде да се освојат трите бода, наместо да се калкулира.

Каземиро говореше за важноста на средбата, која за Гладбах е окарактеризирана како „финале“. Бразилецот ја предупреди германската екипа дека Реал секогаш победува во таква ситуација, алудирајќи на четирите титули во ЛШ освоени во вториот дел од оваа деценија.

„Утрешниот меч го сметаме за еден од најважните оваа сезона. Се подготвуваме како да е финале, така сме учени. Сите знаеме што прави Реал кога е во таква ситуација, игра да победи. Нема да бараме никакви изговори, туку одиме да одиграме најдобро што можеме. Доколку не се пласираме во нокаут фазата и се преселиме во Лигата на Европа, би било убаво да ја освоиме“, истакна Каземиро.

 

- Оглас -

Најнови вести