Каземиро откри каде е потешко да се игра, во Англија или во Шпанија

Бразилскиот репрезентативец Каземиро, направи споредба како е да се игра за Манчестер јунајтед и за Реал Мадрид, и призна дека во Премиер лигата е многу потешко.

Бразилецот на почетокот од сезоната, одлучи да ја прифати понудата на Манчестер јунајтед ии да го напушти Реал Мадрид со кого ги исвои сите можни трофеи што можеше да се освојат за девет години колку што го носеше Кралскиот дрес.

„Не сакам да ја потценувам Ла Лига, но натпреварите во Премиер лигата се многу потешки“, изјави Каземиро.

- Оглас -

Најнови вести