Кажа дека политичар се обидел да ја силува, а сега се води како исчезната (ФОТО)

Кинеската тенисерка Шуаи Пенг пред две недели го обвини вицепремиерот на оваа држава дека се обидел да ја силува.

По ваквата изјава, таа се води за исчезната и веќе шест дена не може да ѝ се чуе глас.

Да биде трагедијата уште поголема, националната кинеска телевизија објави наводно писмо коешто таа го испратила до нив велејќи дека е добро и дека се одмара.

Светскиот тениски свет е во шок, а најдобрите рекети редовно се огласуваат на социјалните мрежи за да се пронајде нивната колешка.

Новак Ѓоковиќ даде изјава во која кажа: „Немам многу информации за тоа што се случува.

Минатата недела прочитав за тоа што се случило и навистина е жално, не можам да замислам како ѝ е на нејзината фамилија“.

Серена Вилијамс, пак, на социјалната мрежа „Твитер“ напиша дека е шокирана од настаните и се надева дека сето ова ќе се реши што побрзо.

- Оглас -

Најнови вести