Казната поништена, Алонсо со 100-ти подиум во кариерата

Светската автомобилистичка федерација, ФИА, денес официјално соопшти дека е усвоена жалбата на Астон Мартин и официјално му е доделено третото место на Фернандо Алонсо на трката за ГН на Саудиска Арабија во Џеда.

Ова за Шпанецот е 100-ти подиум во кариерата во Формула 1, а само трет откако се врати во Ф1 во 2021 година.

Алонсо во својата кариера има 32 победи, најголем дел во златните времиња на Ферари, но оваа сезона вози одлично и во првите две трки успеа да дојде до две трети места.

За потсетување, во неделата Алонсо го освои третото место на трката во Џеда, но подоцна беше казнет од стујардите со казна од 10 секунди. Сепак, денес казната е поништена и Шпанецот ќе може да го прослави својот јубилеј – 100 подиуми во најголемото автомобилистичко шоу.

  • Ознаки
  • Ф1
- Оглас -

Најнови вести