Казната за доцнењето на тренинг ќе го чини Дембеле еднонеделна плата

Стигна казната за Усман Дембеле по неговото второ задоцнување на тренинг во период од триесетина дена. Управата го казни со 200.000 евра, речиси цела еднонеделна плата на Французинот (Барса го плаќа 240.000 евра седмично).

На овој начин од клубот сакаат да испратат порака, обврските мора да се почитуваат, правилата се исти за сите ѕвезди, па дури и за Меси. Строгата казна е напомена дека нема да го толерираат непрофесионалното однесување на Дембеле, па се надеваат дека со астрономската сума ќе се вразуми.

Младиот офанзивец и пред еден месец не се појави навреме на тимскиот тренинг, а во неделата задоцни цели два часа, па мораше да тренира сам.

Дембеле вчера ги замолкна критичарите со неговиот маестрален соло продор и погодок против Тотенхем, во мечот кој заврши без победник (1-1).

https://www.dailymotion.com/video/x6ysjo4

- Оглас -

Најнови вести