Касорла со Вилјареал прави нешто што не им успеа на Форлан и Рикелме

Вилјареал со два гола на Санти Касорла, двата со удари од белата точка, и на Рубен Пења во финишот победи со 3-1 и освои три важни бода на гостувањето кај директниот конкурент во трката за место во Лигата на Европа, мадридскиот Хетафе.

Ветеранот Касорла сезонава има изведено осум пенали и сите ги претвори во гол, а екипата на Вилјареал стигна до бројка од 56 гола сезонава, што е нов клупски рекорд. Стариот рекорд од 54 гола беше од пред 15 сезони, кога дресот на тимот го носеа ѕвездите Рикелме и Форлан, а стигнаа и до полуфинале во Лигата на шампионите. Вилјареал е екипа за која се досудени најмногу пенали сезонава (11).

Бетис славеше против Осасуна со 3-0, а првиот гол на Гвидо Родригес беше прв за него сезонава и прв со глава во шпанската лига по една не баш кратка пауза. Претходните 29 гола во Ла Лига се постигнуваа со шутеви со нога.

- Оглас -

Најнови вести