Казујоши Миура и на 52 години активно ќе игра фудбал

Легендарниот јапонски напаѓач Казујоши Миура, кој на 26-ти февруари ќе наполни 52 години, до крајот на сезонава ќе настапува за Јокохама, со која потпиша нов договор. Со овој договор, Миура ја почнува својата 34-та сезона како професионален фудбалер.

Пред две години, Миура стана најстариот стрелец на сите времиња во професионалниот фудбал, а тој е и единствениот активен фудбалер кој играл и во 1993 година, кога е формирана јапонската Џеј лига.

Популарниот Казу за националниот тим на Јапонија играше од 1990 до 2000 година, беше прв Јапонец кој бил добитник на наградата за најдобар азиски фудбалер (во 1993 година).

- Оглас -

Најнови вести