Ќе биде епско финале: Надал ја сврте против Де Минаур, Шпанија – Србија е битката за трофејот

Шпанија против Србија ќе биде битката за трофејот на АТП купот, а сите со нетрпение го чекаат спектаклот меѓу двајцата најдобри тенисери во моментов, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Црвената фурија ги елиминираше домашните тенисери на Австралија во сингл дуелите. Претходно Роберто Баутиста-Агут со 2-0 во сетови беше подобар од Ник Кирјос, додека Рафаел Надал се помачи да слави против Алекс Де Минаур со пресврт од 2-1 (4-6, 7-5, 6-1).

Првиот светски рекет се изненади од пристапот на младиот Де Минаур, кој му го одзеде првиот сет, а во вториот исто така беше адекватен противник. Сепак, по израмнувањето на 1-1, Надал го појача темпото и експресно поведе со 4-0, на што Австралиецот одговори со еден украден брејк. Меѓутоа Надал уште во првата прилика за победа ја искорити првата меч-топка и го потврди пласманот на Шпанците во првото финале од овој турнир, кој е закажан за утре.

- Оглас -

Најнови вести