Ќе биде лизгаво за Кралот – Унионистите го чекаат Реал со мраз и снег (Видео)

Малиот клуб од Саламанка, Унионистас утре ќе игра историски меч против Реал Мадрид во шпанскиот куп, а гостите ги чекаат тешки услови за игра и веројатно подзамрзнат терен и снежна покривка.

Унионистас успеа да се избори да игра на својот терен „Лас Пистас“ и покрај сите обиди и на Реал Мадрид и на градот Саламанка да се игра на поголемиот терен што го има во градот.

Проблем сега е што во Саламанка паѓаше снег, а теренот на третолигашот Унионистас е замрзнат. Време има до утре, до 21 часот, но прашање е какво ќе биде времето и дали домаќините ќе успеат да обезбедат нормални услови за игра.

Мечот се игра во рамките на 16-финалето во Копа дел Реј, реванш ќе нема бидејќи шпанскиот куп се игра според нокаут-систем.

 

- Оглас -

Најнови вести