Ќе биде меѓу конкурентите за „Пушкаш“ – Колбек постигна неверојатен гол за „шумарите“ (ВИДЕО)

Голема ќе биде конкуренцијата за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол. Дмитри Паје доби уште еден сериозен конкурент со голот постигнат на Џек Колбек.

Фудбалерот на Нотингам форест на средбата против ВБА во последните мигови од првиот дел постигна ретко виден гол, од чудна ситуација.

Тој доби топка само на неколку метри од корнер-знаменцето и веднаш упати фантастичен шут кон голот, а тоа го изненади и голманот на ВБА, кој и онака немаше шанси да го сопре ударот.

Погледнете го ова ремек-дело…

- Оглас -

Најнови вести