Ќе биде побрзо од очекувањата – Покетино уште денеска може да биде нов менаџер на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед може да има нов менаџер на местото на Оле Гунар Солскјер уште денеска ако Маурисио Покетино успее да се договори со раководството на Пари Сен Жермен и да добие зелено светло од Светците да се пресели на „Олд Трафорд“.

Таква информација објавија и англиските и француските медиуми, а веќе има најави и на социјалните мрежи дека Покетино експресно ќе биде новото решение на клупата на Црвените ѓаволи.

Покетино одлично го познава англискиот фудбал и имаше впечатлив период како кормилар на Саутхемптон и на Тотенхем.

Особено се истакна кај Спарс, а со нив играше и финале во Лигата на шампионите во 2019 година, но не успеа да го крене пехарот по поразот од 0:2 од Ливерпул на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Манчестер јунајтед го смени Оле Гунар Солскјер доцна ноќта во саботата, по поразот од Ватфорд со 4:1.

На негово место како вршител на должноста е назначен Мајкл Карик и тој веројатно утре од клупата ќе го предводи тимот во меч од Лигата на шампионите против Вилјареал.

 

- Оглас -

Најнови вести