Ќе биде тоа Ливерпул каков што никогаш не сме го виделе

Ливерпул утревечер ќе гостува кај Митјиланд во меч нема да има големо натпреварувачко значење кога се работи за изгледот на табелата во Д групата од Лигата на шампиони. Англискиот првак е сигурно прв, додека данскиот тим со само еден освоен бод досега го има загарантирано дното.

Поради згуснатиот распоред на Ливерпул и големиот број на мечеви, Јирген Клоп најави дека против Митјиланд ќе има со неколку јуниори во составот.

„Вилијамс веќе има одигра феноменално во меч од Лигата на шампиони, Нет Филипс секогаш бил одличен кога ќе добиел шанса. Куртис Џонс се вклопи во тимот како да е тука 10 години, а Кевин Келер е голем талент, а тоа го покажува на последните мечеви. Без нив ќе бевме како изгубени и одлично е што ги имаме во тимот“, рече Клоп за играчите кои поретко добиваат шанса во првиот тим, а би требало да бидат во стартиот тим против данскиот ривал.

Според некои претпоставки, Ливерпул против Митјиланд треба да стартува во овој состав: Келер, Александер-Арнолд, Вилијамс, Цимикас, Џонс, Хендерсон, Кеита, Жота, Минамино и Ориги.

 

- Оглас -

Најнови вести