Ќе го препознаете ли малиот Меси? Лесно е (Фото)

Лионел Меси, ѕвездата на Барселона и на светскиот фудбал, е роден во Росарио, таму ги направи првите фудбалски чекори пред да биде забележан од скаутите на Барселона. Меси пред 20 години од Росарио се пресели во Барселона и го почна патот до славата. Во Европа дојде како огромен талент, но и поради лечење на проблемот со хормоните за раст.

Нема многу фотографии од периодот кога малиот Лео играше во родната земја, но клубот Њуелс објави една која досега не беше позната за пошироката јавност. Меси е со соиграчите, а сликата датира од 1999 година. Описот на фотографијата е следен: „Топката секогаш е кај десетката“.

- Оглас -

Најнови вести