Ќе „горат“ Атина и Солун – две големи дерби на рестартот во грчкото првенство

Овој викенд фудбалот се врати и во Грција. Арис со 3:1 го победи ОФИ Крит во првиот меч од Суперлигата, но двете екипи се далеку борба за врвот. Денеска се очекува да биде вистинското шоу во Грција, бидејќи се играат две супер дерби дуели.

Во Солун, актуелниот првак ПАОК ќе го пречека лидерот Олимпијакос, додека во Атина се игра градското дерби меѓу АЕК и Панатинаикос. Олимпијакос е еден од ретките тимови кои нема ниту еден пораз сезонава, а на 13 гостински средби прими само три гола. ПАОК на својата „Тумба“ победи 10 пати во 13 меча и ова дефинитивно е еден од најинтересните мечеви кои денеска се играат во Европа.

ПАОК заостанува 14 бода зад Олимпијакос, но факт е дека тимот од Солун имаше и казна од седум бодови по одлуката на федерацијата. Доколку ПАОК не победи, може да го загуби и второто место, ако АЕК слави во атинското дерби против Панатинаикос.

Иако мечевите во Грција се играат без публика поради опасноста од Коронавирусот, сепак се очекува жестока битка на дуелите во Солун и Атина.

 

- Оглас -

Најнови вести