Ќе гори на белградска „Маракана“: Ѕвезда ги распродаде билетите за реваншот со Јанг бојс

Српскиот првак Црвена ѕвезда потврди дека ги распродаде билетите за реваншот против Јанг бојс во плејоф рундата од Лигата на шампионите. Стадионот „Рајко Митиќ“, односно попознат како „Маракана“, ќе биде исполнет до последното место.

Дури 53.000 навивачи на Црвено-белите ќе направат пеколна атмосфера во корист на својот тим, тие ќе бидат 12-от играч на Ѕвезда во обидот да се пласираат во групната фаза од ЛШ втора година во низа. Интересот за овој меч беше огромен, српските медиуми тврдат дека дури 170.000 навивачи аплицирале за билети, тројно повеќе од капацитетот на стадионот во Белград.

Поранешниот европски и светски првак организираше и хуманитарна акција со „Црвен крст“. Сите кои донираа крв добија бесплатни билети токму за спектаклот кој е закажан за вторник, во 21 часот.

Инаку, Ѕвезда е во резултатска предност со ремито од 2-2 во првиот дуел кој се одигра во Берн.

 

- Оглас -

Најнови вести