Ќе им тргне ли на Светците, новиот британски премиер е навивач на Саутхемптон!

Новиот премиер на Велика Британија, 42-годишниот Риши Сунак, е голем љубител на фудбалот и навива за клубот Саутхемптон.

Политичарот е роден во градот Саутхемптон, а на еден предизборен митинг минатиот месец рече дека во детството на списокот на животни желби му биле да глуми во филмот „Војна на ѕвездите“ и да раководи со фудбалскиот клуб Саутхемптон.

Омилен играч му бил легендата на Светците, Мат ле Тисие.

„Не е можно да не го сакам Мат. Тој ми беше идол, фантастичен беше“, вели Сунак.

Во моментов Саутхемптон е на 16-тото место во Премиер лигата, но има серија од три меча без пораз, завчера извлекоа реми против лидерот Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести