27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Ќе има голем потрес во македонскиот фудбал, Ренова утре ќе објави дека се повлекува од Првата лига?

Голем потрес во најава ќе му се случи на македонскиот фудбал, а се очекува утре Ренова да објави дека се повлекува од Првата лига.

Потегот е неочекуван, а како што објави „Спортмедиа.мк“ Гипсарите веќе одлучиле да се преселат во понизок ранг.

Ова е чудна најава, со оглед на тоа што Ренова има стабилен спонзор и е стабилен прволигаш што неколкупати ја претставуваше Македонија и во еврокуповите.

Ако се реализира најавата и клубот од тетовско Џепчиште се повлече од Првата лига, едно место ќе остане испразнето, а кандидати за пополнување на Првата лига се најтрофејниот клуб Вардар, потоа и Пелистер, Борец, Беласица…

Претходно и второлигашот Беса објави дека се повлекува од натпреварувањето за идната сезона.

- Оглас -

Најнови вести