Ќе има и еци-пеци-пец – Португалците ќе почнат на 4 јуни, можно е да играат помалку кола до крај

Португаллците донесоа конечна одлука, популарната Примеира да ја доиграат почнувајќи од 4 јуни, но постои варијанта за скратен систем од пет или шест кола за да се спушти успешно завесата во фудбалската сезона 2019/20.

Регуларно до крајот на првенството има уште 10 рунди, но поради кризата со корона-вирусот се преговара да се доиграат двојно помалку кола и да се заврши најквалитетната лига во Португалија.

Проблем во таков случај ќе биде да се одреди кои пет или шест кола би се играле, па ќе има многу математики за да се изведе и да се најде најдоброто решение.

Процесот сепак би бил многу сложен бидејќи во трката за титулата се двата најтрофејни клубови Порто и Бенфика, а разликата во бодови е мала.

Порто е лидер со 60 бода по 24 одиграни натпревари и шансите му растат ако се скрати сезоната. Бенфика заостанува за еден бод, па се очекува нова бурна дебата во Португалија како би можело да се изведе планот Б, а никој да не биде оштетен.

Популарните Орли од Лисабон имаат 37 титули во Португалија, што е рекорд, а Порто е зад нив со 28 шампионски пехари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести