Ќе има ли дуел на титаните или пак ќе се тактизира на „Енфилд“?

Ливерпул и Тотенхем ќе го одбележат 13-тото коло во Премиер лигата со дербито кое во 21 часот ќе се игра на „Енфилд“. Со оглед на тоа дека финалистите од Лигата на шампионите од сезоната 2018/19 моментално се најдобри во англискиот шампионат според бројот на бодови, се очекува епска битка во која ќе се одреди првиот претендент за титулата.

Ливерпул во овој меч влегува со неверојатна серија од 65 лигашки натпревари без пораз на домашен терен, учинок на кој дефиниитвно Жозе Мурињо ќе се обиде да му стави крај за неговиот рекорд со Челзи од 86 меча без пораз дома да остане како најдобар во Премиер лигата.

Ливерпул и Тотенхем во пресрет на дербито влегуваат со по 25 бода по 12 одиграни кола, имаат по седум победи, четири ремија и по еден пораз. Треба да се земе предвид дека Петлите немаат загубено уште од поразот од Евертон во првото коло, повеќе од четири месеци, додека Црвените одамна заборавија на бламажата против Астон вила.

Што се однесува до меѓусебните дуели, Тотенхем тука потфрла со пет последователни порази од Ливерпул во сите натпреварувања. Четири победи на Црвените се во првенството, додека се памети финалето во Мадрид, по кое Ливерпул ја освои шестата европска титула.

За гостите уште повеќе загрижува фактот што од мај 2011 година немаат триумфирано на „Енфилд“, па затоа според квотите во Sport Life обложувалници, Ливерпул е фаворит со 2.00 за „кец“, додека евентуална победа на Тотенхем носи 3.80 коефициент.

Со 14 гола на гости, Тотенхем е третиот најефикасен тим во првенството, меѓутоа Специјалниот е познат по тоа што прво го брани својот гол, а потоа неговата екипа бара начин како да го добие натпреварот.

На другата страна, пак, Ливерпул е неприкосновен на домашен терен со 18 погодоци во шест натпревари, а во секој од нив просечно прима по еден гол.

Најавени почетни состави:

Ливерпул: Фабињо повторно ќе игра на позицијата централен стопер во отсуство на Ван Дајк. До пред победата над Вулверхемптон од 2-1 во претходното коло, Црвените немаа примено гол во 945 минути со Фабињо како дефанзивец во формацијата, па затоа Клоп има доверба во Бразилецот.

Фабињо со Матип ќе биде пред голот на Алисон, додека Робертсон и Александер-Арлонд се по бочните позиции. Кеите е неизвесен, ги нема Тијаго и Милнер, па Клоп веројатно ќе му даде шанса на младиот Џоунс во средината заедно со капитенот Хендерсон и Вајналдум.

Напред е неприкосновеното дуо Мане – Фирмино – Салах како најголема закана по голот на Љорис.

Тотенхем: Освен што Герет Бејл и Ламела не се достапни за дербито, Мурињо смета на останатите првотимци со кои веќе четири месеци не знае за пораз во Премиер лигата.

Сон и Кејн моментално се двајцата најефикасни во лигата по вкупниот збир на голови и асистенции. Тие двајца многу често ги користат контранападите, што веќе стана карактеристично за Тотенхем. Бергвајн ќе им биде поддршка во нападот, додека во средниот ред и одбраната се веќе стандардните имиња.

- Оглас -

Најнови вести