Ќе има ли трансфер? Баерн ѝ дава 100 милиони на Барселона за Дембеле

Усман Дембеле, напаѓачот на Барселона, може кариерата да ја продолжи во Германија. Според некои најави, 22-годишниот француски репрезентативец е цел на Баерн Минхен. Актуелниот првак во Бундеслигата е подготвен да плати 100 милиони евра за реализација на овој трансфер.

Дембеле има договор со Барселона до 2022 година, а беше доведен за сума од 105 милиони евра од Борусија Дортмунд. Сепак, Французинот не се снајде најдобро на „Камп ноу“, а имаше проблеми и со дисциплината, па често доцнеше или воопшто го немаше на тренинзите.

Минатата сезона во 42 меча даде 14 гола, а имаше и девет асистенции. На Баерн му е потребен крилен офанзивен играч, а Дембеле, кој има искуство во Бундеслигата, би бил одлично решение. Сепак останува Барселона да реши дали ќе се откаже од Дембеле, кого го сметаат за еден од оние играчи кои треба да бидат меѓу најдобрите во следните неколку години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести