Ќе има Маршалов план во англискиот фудбал, гигантите нема да играат во едно од трите главни натпреварувања

Англичаните подготвуваат цела серија на измени во нивниот фудбал, а ќе настрада, пред сè, Лига купот, односно третото по ранг натпреварување по вредност во колевката на фудбалот.

Планот го нарекоа Маршалов, како пандан на познатиот план по Втората светска војна за обнова на светот, а предвидуваат да го елиминираат правилото за повторени натпревари во националниот куп, односно да нема втор меч во ФА купот ако првиот заврши нерешено како досега.

Во тој случај би се шутирале пенали веднаш на првиот меч и ќе има победник, а ќе нема преигрување и втор меч.

Тоа е поради премногу напорната сезона за фудбалерите и за да се скрати бројот на натпревари што ги играат.

Уште подрастична измена ќе има во Лига купот, или таканаречениот Карабао куп, а таму се крои драстична измена, што ќе донесе и драстично намалување на интересот.

За Лига купот на Англија се предвидува гигантите, односно екипите што играат во еврокуповите или воопшто да не настапуваат или да играат со младите тимови.

Тоа би значело дека ѕвездите на Манчестер сити, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челзи, Арсенал, Тотенхем и уште неколку врвни клубови нема да играат во ова натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести