Ќе има реванш: Почнаа преговорите за нова битка меѓу Џошуа и Руиз

Промотерот за бокс-мечеви Еди Херн потврди дека се започнати преговори околу организирање на нова битка, односно реванш меѓу новиот светски шампион во тешка категорија Енди Роуз јуниор и Ентони Џошуа.

Мексиканецот ноќта меѓу 1 и 2 јуни во „Медисон Сквер гарден“ во Њујорк направи сензација и му го нанесе првиот пораз на британскиот боксер со технички нокаут, по што ги освои појасите во WBA, IBO, IBF и WBF верзиите. Руиз е првиот Мексиканец кој станал светски првак во тешка категорија, а уште посензационално е што тој не требаше да му биде противник на Џошуа.

Како што е познато, во рингот во Њујорк првично требаше да се појави Џарел Милер, но тој доби суспензија откако му беше одземена лиценцата поради допинг, а Руиз стапи на негово место.

Реваншот Џошуа – Руиз би требало да се случи во ноември или декември, а допрва ќе се преговара околу местото каде би се одржала борбата.

- Оглас -

Најнови вести