Ќе има улица Милан Павков во Белград?

Милан Павков е новиот херој на Црвена ѕвезда и на сите навивачи на овој клуб. Корпулентниот напаѓач синоќа даде два гола во дуелот против Ливерпул, во една од најсензационалните победи во Лигата на шампионите во последните десетина години.

Еуфоријата меѓу навивачите на Ѕвезда не сопира, па заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, кој е познат како голем фан на „црвено-белите“, предложи Милан Павков да добие улица во главниот град на Србија.

„Браво лавови! Така се бори за Ѕвезда, Белград и Србија! Улица за Милан Павков“, напиша заменик-градоначалникот на Белград, Весиќ, кого очигледно го понесе атмосферата по победата над Ливерпул.

Павков ја игра првата сезона во дресот на Црвена Ѕвезда, каде за 300.000 евра дојде од Раднички Ниш. До неодамна тој играл во пониските лиги во Србија, а сега е ѕвезда на колото во цела Европа.  

- Оглас -

Најнови вести