Ќе има вечно кошаркарско дерби во полуфиналето на Купот

МЗТ Скопје Аеродром без проблем се пласираше во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија, откако со убедливи 89:62 го победи Кожув. Уште во првите 5 минути беше јасно кој ќе биде победникот, бидејќи актуелниот бранител на трофејот започна фуриозно и поведе со 18:0. Кожув првите поени ги даде дури по истекот на петата минута.

Во продолжение на средбата, МЗТ ја одржуваше високата предност, па во 15 минута беш 37:18 за скопјани.

Второто полувреме разликата уште повеќе се зголемуваше и беше јасно дека во полуфиналето ќе гледаме дуел на вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски беше најефикасен кај победничкиот тим и заврши со 15 поени, колку што на спротивната стана имаше Вилијамс кај Кожув.

Претходно, место во полуфиналето обезбедија Работнички и Блокотехна.

- Оглас -

Најнови вести