Ќе лобира ли Фергусон и Кристијано да добие златен медал за освоениот Лига куп?

Најтрофејниот тренер во историјата на фудбалот, Алекс Фергусон, на кратко се појави во соблекувалната на Манчестер јунајтед и на играчите им го честита освојувањето на Лига купот.

Фергусон, кој речиси три децении беше на клупата на Јунајтед, не го криеше задоволството од освоениот трофеј. Сер Алекс е познат и по тоа што го вивна Кристијано Роналдо во светските фудбалски височини, тој е неговиот фудбалски татко, па останува да се види дали Шкотот ќе лобира на Португалецот да му биде доделен медал за освоениот куп.

Според правилата, клубот е тој што одлучува кому ќе му ги додели медалите. Роналдо не се раздели со Црвените ѓаволи на пријателски начин, па веројатно не планираат да му дадат медал, иако Роналдо го исполнува условот да добие медал бидејќи сезонава беше на пријавната листа на Јунајтед за ова натпреварување.

Право на златен медал има и голманот Мартин Дубравка, кој сега брани за Њукасл, клубот кој загуби од Манчестер јунајтед во финалето на Луга купот.

- Оглас -

Најнови вести