Ќе нема билети за обичните гледачи – Хајдук го тресе слатка грозница, има двојно повеќе членови од капацитетот на Пољуд

Рајководството на Хајдук има слатки маки со продажба на билетите за третото претколо за настап во Конференциската лига и дуелот со Виторија Гимараеш на 4. август на Пољуд во Сплит.

Клубот има дури 79 илјади членови кои имаат приоритет при купување на влезници, а 27 илјади од нив веќе си резервирале карти за првиот меч со Португалците.

До четврток Хајдук ќе продава билети исклучиво на сите што имаат членски книшки на клубот, а бројката е над двојно поголема од капацитетот на Пољуд.

Сплитската убавица како што порано се нарекуваше стадионот на Хајдук, има капацитет од 34.200 места, што значи слободни се уште 7.200 билети, кои се очекува да бидат резервирани од членовите на клубот, што значи дека билети за останатите симпатизери на хрватскиот гигант ќе нема.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести