Ќе нема многу голови на „Сан Сиро“, а ќе бидат загарантирани во Манчесстер

6009 Милан – Динамо Загреб (18:45 часот)

Динамо имаше фантастичен старт на оваа Лига на шампиони победувајќи го Челзи со 1:0, а денеска ќе се обиде да направи нова сензација.

Овојпат противник е Милан, кој пред своите навивачи ќе се обиде да дојде до првата радост сезонава во групата.

Миланезите мора да победат на оваа средба, додека тимот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми доаѓа без резултатски притисок, а таквите екипи се најопасни. Навистина е тешко овде да видиме повеќе од два гола, а и квотата во Sport Life е одлична.

Предлог тип: 0-2 (2.30)

 

6015 Манчестер сити – Борусија Дортмунд (21 часот)

Ерлинг Халанд ќе игра против својот поранешен тим, а со оглед на тоа каков фудбал играат и двете екипи, ова би требало да биде најефикасниот меч за вечерва.

И двете екипи тргнаа со победа, а јасно е дека Сити е огромен фаворит на оваа средба, но и Германците не смеат никако да се потценат.

Нападот е посилна страна, додека одбраната е многу послаба и тоа важи за двете екипи.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.98)

 

3141 Хајдук – Риека (1 ХНЛ Хрватска, 16:30 часот)

Хајдук го промени тренерот викендов, додека работите во Риека се катастрофални. Некогашниот хрватски првак се наоѓа на последното место само со пет освоени бода.

Хајдук, од друга страна, е далеку зад Динамо Загреб и ќе мора да се бори за второто место со Славен Белупо и Вараждин, а денеска победата не би требало да биде доведена во прашање.

Интересно е тоа што на последните пет средби редовно играле ГГ& 3+, но тоа се други, подобри времиња за Риека, којашто сега е на самото дно.

Предлог тип: 1-1 (2.23)

 

6012 ФК Копенхаген – Севилја (21 часот)

Севилја се наоѓа во резултатска криза на почетокот од сезоната, но се чиди дека со победата над Еспањол, самодовербата се враќа во редовите.

За да се потврди тоа, потребна е победа и на гостувањето во Копенхаген, откако во првото коло шпанскиот тим прими четири „комада“ од Манчестер сити.

Гостите ја имаат малата фаворитска улога, а и коефициентот за нивен триумф на гостувањето на „Паркен“ е одличен.

Предлог тип: 2 (2.15)

 

8337 Франција – Италија (Евробаскет 17:15 часот)

Првото денешно четвртфинале се игра од 17:15 часот, во кое Франција ќе се соочи против Италија. Иако на местото на Аѕурите сите очекуваа да биде Србија, тие направија вистинска сензација.

Денеска ќе одат на нова, каде што исто ќе ја имаат улогата на аутсајдери, но јасно е дека тогаш се најопасни. Притисокот ќе биде на Руди Гобер и Еван Фурние, коишто ќе мора да ја носат и овојпат Франција на свои рамења, но Италија ќе биде тврд орев за победување.

Предлог тип: 2 со хендикеп, 4.5 поени (1.85)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести