Ќе падне ли договор? Анчелоти сака да го врати Џан на Островот

Евертон е во напредни преговори со Јувентус околу услугите на Емре Џан. Карамелите доставиле понуда од 35 милиони евра за германскиот репрезентативец, сума која ги задоволува условите на италијанскиот првак  и најверојатно ќе панде договор меѓу двете страни.

Анчелоти инсистира клубот да го ангажира поранешниот играч на Ливерпул, кој е во втор план кај тренерот Сари и ретко добива шанса да игра. Наводно, и самиот Џан прифаќа да заигра за градскиот ривал на Црвените со оглед на тоа дека би бил важна алка во составот на Анчелоти, а воедно сака да се врати во Премиер лигата.

Шанса да се врати на Островот имаше и преку Манчестер јунајтед, но наводно Џан одбил да игра за Ѓаволите од почит кон гигантот од „Енфилд роуд“. Што се однесува за Евертон, ривалството не е толку крвничко со Црвените, а нема да биде ниту прв фудбалер кој играл за двете екипи од Мерсисајд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести