Ќе пукне ли англиска бомба? Арсенал преговара со иконата на Манчестер сити

Арсенал е заинтересиран за Серхио Агуеро, а англиските медиуми објавија дека веќе се и остварени првите контакти за евентуална преселба во Лондон на иконата на Манчестер сити.

Агуеро по десет години минати во Манчестер сити ќе биде слободен играч ова лето, а шанса за ангажман на најдобриот стрелец во историјата на популармите Граѓани гледа и Арсенал.

За опасниор стрелец од Аргентина заинтересирани се уште неколку клубови, па иако има 32 години и долго не играше поради повреда, Агуеро нема да има проблем да најде клуб.

Една од опциите сега ќе му биде и преселба во Арсенал, а Топчиите се надеваат дека ќе успеат да спојат опасен тандем напаѓачи, со капитенот Пјер-Емерик Обамејанг и Серхио Агуеро, што би бил еден од најатрактивните во Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести