Ќе се памтат неговите игри: Во 100-тиот меч за Леванте, Барди испиша историја!

Енис Барди во третата сезона како член на Леванте успеа да стигне до едно историско постигнување. Македонскиот репрезентативец вечерва стана најдобриот стрелец странец во дресот на Леванте во шпанската Примера дивисион.

Барди вечерва го игра јубилејниот 100-ти меч во дресот на Леванте и постигна два гола во првото полувреме на гостувањето кај Селта Виго. Сега зад неговот име има вкупно 19 голови во шпанското првенство. Со ова постигнување, Барди го надмина рекордот на Мустафа Рига, фудбалер од Гана со холандски пасош, кој имаше 17 погодоци за Леванте.

Македонскиот репрезентативец најефикасен беше во првата сезона како играч на Леванте. Пристигна од Ујпешт во летниот трансфер-период ов 2017 година и стартната сезона му беше перфектна дури со 9 гола.

Веќе во следната забележа пад и постигна три погодоци за Леванте, еден од нив против Жирона, клучен за опстанок на клубот во Ла Лига. Во претпоследното коло од ланската сезона, 2018/19, Енис погоди против Жирона во 89-тата минута за победа од 2:1 на гости и за печат на опстанокот за Леванте.

Во оваа сезона играчот од средниот ред на шпанскиот прволигаш досега седумпати успеа да се запише во листата на стрелците и тоа беше доволно да постави еден клупски рекорд во Леванте. Блескавата игра на Барди против Селта и головите може да ги видите ТУКА. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести