Има податок и кој колку пати пресадил коса – Ќе ве насмее најавата за боксерски дуел меѓу Конте и Тухел (Фото)

Реакциите и коментарите не стивнуваат по двата инциденти меѓу Томас Тухел и Антонио Конте, кои беа повеќе вербално, но и жестоки вчера на лондонското дерби меѓу Челзи и Тотенхем, што заврши нерешено 2:2.

И двајцата тренери покажуваа мускули, па конечно по втората закачка по мечот добија и црвени картони.

Сега на социјалните мрежи има и сеир и дури и се најавува боксерски дуел во стандарден стил со графика која покажува кој колку години има, висина, тежина, победи и порази во кариерата…

Дури има и коефициенти за победа во англиски стил, а целата графика изгледа симпатично и ќе ве насмее, особено со податокот кој колку пати пресадил коса.

- Оглас -

Најнови вести